вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Бејзбол играч потпиша рекорден договор, па падна на допинг тест

Бејзбол играч потпиша рекорден договор, па падна на допинг тест

Фернандо Татис Јуниор падна на допинг тест и ќе пропушти дури 80 натпревари. Синоѕ на поранешната ѕвезда на МЛБ, Фернандо Татис, игра како „шортстопер“ и неодамна потпиша за Сан Диего Падрес Татис Јуниор се обрза на четиринаесетгодишен договор вреден 340 милиони долари.

Бејзбол ѕвездата користел Клостебол, супстанца која се наоѓа на листата на забранети.

„Зедов одреден лек за да се ослободам од габична инфекција и тој препарат имал Клостебол кој е на списокот на забранети материи. Требаше да користам препарат кој е препорачан и безбеден без недозволени супстанци, но го направив тоа што го направив“, рече Татис.