четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тела на 15 мигранти пронајдени во пустина меѓу Судан и Либија, останале без гориво

Тела на 15 мигранти пронајдени во пустина меѓу Судан и Либија, останале без гориво

Најмалку 15 тела на мигранти се пронајдени во пустината на границата меѓу Либија и Судан, соопштија денеска либиските власти.

Канцеларијата за сузбивање на илегалната миграција соопшти дека мигрантите од Судан биле на пат за Либија кога останале без гориво и автомобилот им се расипал во близина на градот Куфра, каде што биле пронајдени телата.

Девет лица преживеале, а двајца се водат како исчезнати. Меѓу мигрантите имало и жени и деца, но не се соопштува колку. Причината за смртта исто така не е соопштена, а се претпоставува дека останале без храна и вода.

Се претпоставува дека се упатиле кон Либија, а оттаму со брод да заминат во Европа.