понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Монфилс се откажа од ЈуЕс Опен

Монфилс се откажа од ЈуЕс Опен

Најдобриот француски тенисер Гаел Монфилс објави денеска на Твитер дека поради повреда нема да настапи на последниот грен – слем турнир сезонава, ЈуЕс Опен, кој почнува на 29 август.

– За жал, по последните лекарски прегледи извршени по враќањето во Европа, заклучокот е дека нема да можам да ги бранам своите шанси на ЈуЕс Опен, објави 35-годишниот Французин на социјалните мрежи.

Монфилс, кој е 22-рангиран на АТП листата, го повреди минатата недела десното стапало на турнирот во Монтреал.

Во Монтреал, каде се врати на тениските терени по тримесечна пауза, Монфилс беше принуден да се откажа во осминафиналето, во вториот сет пр отив Џек Драпер (2-6, 2-0).

Минатата година Монфилс испадна во третото коло на ЈуЕс Опен од Италијанецот Јаник Синер.