Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ смета дека целосно е погрешна одлуката на ДФРМ да ја додели „Големата ѕвезда на македонскиот филм” токму на оној кој беше на чело на овие разорни процеси.
Тие по тој повод објавија и статус на Фејсбук:
-Горјан Тозија беше филмски работник кој рушеше сѐ, само за да биде видлив. Беше видлив кога го уништи Вардар филм. Беше видлив кога го рушеше законот за филмска дејност, беше видлив и кога најавуваше бројач пред порта Македонија.
Филмот и културата жестоко се цензурираат во континуитет и се урива дигнитетот на филмската дејност. Затоа, Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ смета дека целосно е погрешна одлуката на ДФРМ да ја додели „Големата ѕвезда на македонскиот филм” токму на оној кој беше на чело на овие разорни процеси.
Наместо „Големата ѕвезда на македонскиот филм”да се даде на вистинските филмски творци и еминентни професионалци во македонската кинематографија, Здружението во чија надлежност е доделувањето на ова признание, одлучи тоа да се додели на оној кој ги урна сите надежи на филмската дејност во Македонија. ДФРМ го одбра кафанскиот човек кој само умееше да плете површни кафански приказни, користеше уцени, закани задкулисни мрачни методи.
Дали тој заслужува да го добие аплаузот од ИФКК Браќа Манаки?
Македонија стана пазар, па и македонскиот филм стана заробеник на политички исфрустрираните луѓе кои генерациски владеат со фелата.
Да живее Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“! Да живее Битола! Да живее филмот!
Но, животот што го ветуваа не доаѓа со вакви нејасни потези, одлуки и пазари. Не доаѓа за сите!!!, стои во нивниот статус до јавноста.