петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Секс во Шведска само со писмено одобрување од партнерот

Секс во Шведска само со писмено одобрување од партнерот

Во Шведска стапи на сила закон кој овозможува сексот без претходна согласност од партнерот да се смета за силување, што подразбира и кривично гонење.

Со тоа Шведска им се приклучи на уште неколку евроски земји, пренесува АП.

Претходно во Шведска лице можеше да биде кривично гонето за силување само ако за тоа постои доказ или закана со насилство.

Според новиот закон, сексуалната активност на која не и претходела изговорена согласност или друга јасна демонстрација на согласност на партнерот, би можела да се смета за силување.

Законот неподразбира пасивност како знак на доброволно учество во сексуален однос.

Владата на премиерот Штефан Левен го предложи новиот закон минатата година, по кампањата #MeToo (и јас) која ширум светот разотрки случаи на непримерно сексуално однесување.