вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Чориќ го освои турнирот во Синсинати

Чориќ го освои турнирот во Синсинати

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ го победи Гркот Стефанос Циципас во финалето на турнирот во Синсинати (САД) со 2:0, по сетови 7:6 (7:0) и 5:2.

Во мечот што траеше безмалку два часа, Хрватот сервираше седум аса, направи две двојни грешки и освои три од 12 брејк топки.

Циципас имаше шест аса, четири двојни грешки и една освоена од седум можни брејк топки.

Дваесет и петгодишниот Чориќ го освои првиот АТП турнир во 2022 година и третиот во кариерата.

Тој како 152-риот рекет на светот го победи седморангираниот на АТП листата.