Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара го поддржува територијалниот интегритет на Украина и ја отфрла илегалната анексија на Крим.
Говорејќи на вториот самит на Кримската платформа во онлајн формат, Ердоган рече дека заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет и политичкото единство на Украина е од клучно значење не само за регионалната, туку и за глобалната безбедност.
Ердоган заклучи дека враќањето на Крим на Украина, е најважната потреба од гледна точка на меѓународното право и со тоа директно му противречи на својот сојузник и партнер рускиот претседател Владимир Путин, кој има целосно различен став.