Кубанските власти почнаа со ограничена продажба на долари и други тврди валути на граѓаните, првпат по две години.
Оваа нова политика на кубанските власти има за цел да помогне во борбата против црниот пазар на сигурни валути.
Сега кубанските граѓани можат да купат до 100 долари во готово дневно во 37 одредени менувачници.
На почетокот на минатата година Куба го елиминираше долгогодишниот систем на двојна валута, издавајќи посебен вид конвертибилен пезос, наменет главно за туризам и странци.
Кубанските власти вчера објавија дека според новата политика, продажбата на цврста валута ќе биде ограничена не само со лимитот од 100 долари, туку и со износот што локалната менувачница го купила претходниот ден.