среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

РЕКОРДЕР: Фатен возач во ресенско со 4,07 промили алкохол (ФОТО)

РЕКОРДЕР: Фатен возач во ресенско со 4,07 промили алкохол (ФОТО)

СВР Битола во текот на вчерашниот ден (24.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија СВР Битола изречени се 59 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 7 санкции за возење под дејство на алкохол од кои кај еден возач на подрачје на с.Перово, ресенско, биле измерени 4,07 промили алкохол.

Изречени се 10 мерки за непрописно паркирање, една мерка за некористење на сигурносен појас. Засилените акциски контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Најнови вести