среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Стајковци добива спортски комплекс „Иван Илиев“ со игралиште за мал фудбал

Стефковски: Стајковци добива спортски комплекс „Иван Илиев“ со игралиште за мал фудбал

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски преку својата официјална Фејсбук страница информираше дека Стајковци добива спортски комплекс „Иван Илиев“ со игралиште за мал фудбал на подлога од вештачка трева и ново кошаркарско игралиште на кое ќе се вградуваат елементи и за тенис и одбојка.

– Денес направив увид на градежните активности за изградба на спортскиот комплекс кој се гради во населеното место Стајковци. Со изградбата на овој спортски комплекс младите од Стајковци добиваат најсовремен терен за мал фудбал, ново кошаркарско игралиште на кое ќе може да се вградуваат елементи за тенис и одбојка. Ова ќе биде простор на кој младите ќе можат да спортуваат и рекреираат. Ќе предложам до Советот на општина Гази Баба да донесе Одлука со која овој спортски комплекс ќе го носи името на Иван Илиев, дете кое загина во поплавите кои ја зафатија општина Гази Баба во 2016 година. Со ова споменот за Иван Илиев ќе биде вечен, пишува Стефковски во својата објава.