вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ѓоковиќ потврди: Нема да настапам на Ју-Ес Опен

Ѓоковиќ потврди: Нема да настапам на Ју-Ес Опен

Новак Ѓоковиќ до последен момент се надеваше на некаква промена во однос на можноста да настапува на Ју-Ес Опен, но попладнево потврди дека нема начин да патува во Њујорк.

Во пресрет на ждрепката, српскиот тенисер со официјално соопштение им се заблагодари на фановите за поддршката, но потврди дека нема да може да се бори за нов грен-слем трофеј.

– За жал, овој пат нема да можам да патувам во Њујорк за Ју-Ес Опен.

– Благодарност до фановите за поддршката и љубовта и им посакувам добар турнир на моите колеги. Останувам во добра форма и позитивно расположение чекајќи да добијам можност повторно да се натпреварувам, – напиша Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер не може да патува во Њујорк поради правилото на САД да не дозволи влез во државата на невакцинирани странски државјани.