среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Генијалното решение на Бектеши за ситуацијата во Арачиново: Еве како ќе ги натера арачиновци да плаќаат струја

Генијалното решение на Бектеши за ситуацијата во Арачиново: Еве како ќе ги натера арачиновци да плаќаат струја

Министерот Крешник Бектеши вели оти е точно дека има загуби на електрична енергија во Општина Арачиново, меѓутоа, како што посочи, загуба има и во Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Скопје, а најави дека кај сите овие општини и останатите ќе се постапува согласно закон.

Екипите на ЕВН Македонија од понеделник непречено ќе работат на терен во Општина Арачиново и на тој начин ќе почне да се наплаќа струјата во оваа Општина, но и на други места, изјави попладнево министерот за економија Крешник Бектеши по состанокот со градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими.

Ова следува откако вчера министерот Бектеши кажа дека е најдено привремено решение за снабдување со електрична енергија во Општина Арачиново, откако жителите на оваа општина се пожалија дека немаат струја со денови.

Министерот Бектеши, меѓу другото, денеска изјави дека вечер ќе биде прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор на национално ниво, но и најави оти ќе побара од МВР и другите надлежни институции да постапат во сите општини каде има големи загуби на струја, бидејќи според него, тие се на товар на сите потрошувачи на електрична енергија. Загубите на струја, како што рече, се признаваат како трошок кога се одредува цената за струјата.

Бектеши вели оти е точно дека има загуби на електрична енергија во Општина Арачиново, меѓутоа, како што посочи, загуба има и во Куманово – 16,2 отсто, Тетово 10,7 проценти, Гостивар – 19,3 посто, Кичево -12,1 проценти, Скопје – 19,6 отсто.

Министерот најави дека кај сите овие општини и останатите ќе се постапува согласно закон.

„Ги повикувам сите да ги почитуваат законите, одредбите од законите се со цел да не се направи штета во делот на снабдување со електрична енергија, но и во делот на електродистибутивниот систем“,

рече Бектеши нагласувајќи дека крадење на струја или незаконски приклучок во дистрибутнивната мрежа е кривично дело кое се санкционира согласно закон.

Ова следува откако жители на Општина Арачиново се пожалија дека со денови немаат струја, иако редовно си ги плаќаат сметките за потрошена електрична енергија.

По ова прашање вчера се произнесе и Народниот правобранител, кој апелираше до надлежните институции, пред сѐ до ЕВН и до Министерството за внатрешни работи веднаш да ги преземат сите мерки и да обезбедат предуслови за санирање на дефектот, со што дотокот на струја до општина Арачиново би бил нормализиран.

Најнови вести