вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Изворот на проблемот со Бугарија е договорот кој владата на Заев го потпиша со Борисов, јасно е дека нема поддршка за уставни измени

Мицкоски: Изворот на проблемот со Бугарија е договорот кој владата на Заев го потпиша со Борисов, јасно е дека нема поддршка за уставни измени

„Ние треба да го локализираме изворот на проблемот, а ова е токму тоа договорот кој што го има Република Македонија потпишано со Република Бугарија, тој август месец 2017-тата година. Од тој договор практично потекнуваат сите проблеми, бидејќи ние и тогаш реагиравме како политичка партија и како луѓе дека е избрзан и дека тој договор практично не е решение, туку напротив ќе претставува проблем што потоа низ годините се виде дека е проблем“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Мицкоски додаде дека треба да се локализира изворот на проблемот.

„И има поедини размислувања во јавноста околу тоа дали ќе има промена на Уставот или ќе нема, еве и Пендаровски тоа го констатира конечно тоа што јас го најавив, а тоа е дека во моментот под овие околности ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на промена на Уставот, а со цел вклучување на дел од бугарскиот народ во Преамбулата“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека договорот не се гледа низ партиска диоптрија туку низ македонска.

Најнови вести