Дара Бубамара важи за една од најфаталните пејачки на балканската сцена, а поради бурните љубовни врски често беше во центарот на скандалите.
Таа неодамна раскина со две децении помладиот дечко, а сега призна дека на Инстаграм добива понуди од Дубаи, од богати шеици, кои и нудат повеќе од пет милиони евра, а откри и дали би прифатила таков понуда.
-Почнаа да ми пишуваат непознати, од некој шеик, ми понуди пет-шест милиони, ништо не одговорив, ги праќам разговорите на моето друштво, се смееме, истакна Дара во емисијата „Ексклузив“.