петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

На првото место се наоѓа нашиот сосед: Љубителите на убавите плажи најмногу ги посетуваат овие европски земји

На првото место се наоѓа нашиот сосед: Љубителите на убавите плажи најмногу ги посетуваат овие европски земји

Според листата на најубави плажи за 2022 година, којашто ја објавил пребарувачот за одмор „Holid“, Грција е најпопуларната европска земја за љубителите на плажите за оваа година, а во првите 15 се наоѓаат дури четири земји од регионот.

Според листата „најпопуларни земји со плажи во Европа“, основана според рангирањето на Google, Грција го зазела првото место со 5.400 пребарувања секој месец и со над 142.000 Инстаграм хаштагови.

А, меѓу дестинациите кои најмногу се пребаруваат кога се во прашање плажите се Крит, Наксос и Миконос.

„Уверете се дека Грција е на врвот на листата годинава поради тоа што нема да зажалите доколку ја посетите“, пишува „Holid“.

По Грција, во првите пет земји се наоѓаат Италија, Португалија, Франција и Ирска.

Студијата ги опфатила сите европски земји, а рангирањето е составено врз основа на просечниот број месечни пребарувања на Google во последните 12 месеци за секое од имињата на земјите во комбинација со клучниот збор „плажа“ и хаштагот на Инстаграм за овој клучен збор.

Интересно е тоа што во првите 15 земји се наоѓаат и Хрватска – на 7 место, Албанија – на 11 место и Црна Гора – на 13 место.