Овен
Вашето знаење ќе биде на висока цена. Важно е да не ја изгубите од вид целта и однапред да ги планирате задачите. Можеби ќе треба да потрошите време на последователни корекции или исправки на туѓи грешки. Вашиот љубовен живот се повеќе се засилува. Ќе стекнете нови познанства, ќе се заљубите и лесно ќе се приврзате за некого. Ќе ве привлекуваат луѓе за кои ќе заклучите дека се необични и на некој начин различни. Оваа недела е идеално време за терапии, естетски зафати и операции. Доброто влијание на Венера ќе биде заслужно за вашето добро расположение.
Бик
Ќе си го вратите разнишаниот авторитет, а луѓето ќе бидат заинтересирани за вашата работа. Ќе коментираат за вашата снаодливост и знаење. Успешно ќе ги водите преговорите и ќе бидете задоволни со новиот ред на нештата. Не дозволувајте деловните тешкотии, завидливите поединци и љубомората да ве одвојат од партнерот. Вие би можеле да бидете премногу барани оваа недела и на тој начин да ја занемарите другата страна. Ако сте слободни, ќе се заљубите во личност која се омаловажува – немојте да бидете наметливи. Владеењето на знакот Девица ви помага да се задржите во добра форма и да бидете во добра состојба. Ќе можете да се пофалите со одлична концентрација и ментална свежина.
Близнаци
Најмногу ќе напредуваат оние кои се занимаваат со уметност или услуги за убавина. Околината ќе ја забележи вашата работа, а некои ќе добијат и признанија. Јавната поддршка ќе генерира нови деловни понуди. Ќе уживате во флертувањето и освојувањата, па многу љубови ќе се случат преку ноќ. Пред вас е познаник кој брзо би можел да се претвори во нешто подлабоко. Со отворен разговор ќе ги решите брачните несогласувања, а можеби и ќе заминете на одмор со партнерот. Би можеле да се пожалите на ментален замор кој ќе ви пречи на секојдневните активности. Ќе се уморувате побрзо од вообичаено, но сепак ќе го задржите доброто расположение.
Рак
Подгответе се за дезинформации, доцнење во платежни трансакции и тешка комуникација. Ќе избегнете непријатности ако се држите до планот и дадените ветувања. Бидете мирни. Критиките и преголемите барања ќе го зголемат недоразбирањето со партнерот. Отежнувачка околност ќе биде големото влијание на родителите врз вашата врска – не дозволувајте. Доколку сте сами би можеле да се вљубите во некој кој ќе ве освои со својот хумор и лежерност. Здравјето добро ќе ве служи и ќе бидете многу издржливи, но ќе имате промени во расположението. Еден момент ќе бидете среќни, а во следниот ќе потонете во чувство на безнадежност. За среќа, ваквите состојби ќе бидат минливи.
Лав
Ќе добиете известување за решение на некаков деловен застој. Ќе наплатите долгови. Ќе станете посвесни за вашата зависност од некои луѓе, што ќе ви оневозможи самостојни одлуки. Ви претстои прекрасна недела, бидејќи Венера уште е во вашиот знак. Одлично ќе се согласувате со партнерот и ќе почнете да инвестирате во вашата заедничка иднина, иако ќе има некои мали несогласувања. Слободни, вашата привлечност расте во очите на спротивниот пол – некој ви се додворува! Доброто влијание на Марс е одговорно за вашата издржливост и виталност. Се наоѓате во период кога можете многу да направите без да се изморите. Зголеменото ниво на енергија ќе ве „присили“ повеќе да се движите и да се дружите со пријателите.
Девица
Ќе склучувате зделки за кои ќе бидат заинтересирани луѓе кои живеат далеку од вас. Ве очекува успех на работните места кои бараат вербални вештини, информации и мобилност. Не се враќајте во минатото и не барајте ги грешките и пропустите. Исто така, не е препорачливо сега да влегувате во врска со поранешен партнер, бидејќи ќе се соочите со истите проблеми кои некогаш довеле до разделба. Подобро дајте шанса на некој нов. Ќе бидете расположени и секогаш подготвени за шега и забава. Но, неповолното влијание на Марс сепак ве предупредува дека во ништо не треба да претерувате. Живејте поуредено.
Вага
Ќе ви биде изострена перцепцијата, па ќе имате јасен увид во работните места и луѓето блиски до вашите интереси. Енергично ќе се зафатите да ги остварите вашите амбиции. Ќе го проширите своето знаење и ќе научите многу. Новите љубовни врски ќе имаат големи шанси за успех. Зафатените ќе мора повеќе да работат на љубовната комуникација. Најдете заедничко решение за проблемот, за што и да се работи. Сега ќе имате шанса да ги расчистите сите недоразбирања. Добрата забава и излегувањата ќе бидат најдобриот лек за вашата душа. Но, можни се здравствени проблеми, особено ако сте постари и страдате од хронични заболувања. Поради некои симптоми, најверојатно ќе побарате лекарска помош.
Скорпија
Внимавајте со кого влегувате во партнерства и заеднички потфати, бидејќи ова е моментот кога може да дојде до прекин на соработката. Ве предизвикува невнимателноста и измамата на другите, па лесно ќе го изгубите трпението. Венера во Лав укажува на недостаток на емоционален ентузијазам и го истакнува притисокот на стравот во квалитетот или искреноста на вашата врска. Не се препорачуваат радикални одлуки. Ако сте сами, поинтензивно приклучете се на општествениот живот – можно е запознавање! Витални сте и енергични, не го „чувате своето место“, па најсреќни сте доколку сте таму каде што нешто се случува. Може да претерате, што ќе резултира со зголемена исцрпеност.
Стрелец
Од вас се очекува да бидете спонтанти, па ќе ви се прикрадат и грешки. Бидете совесни при ракување со информации и документи. Не потпирајте се на туѓа помош бидејќи ќе изгубите драгоцено време. Ќе знаете што сакате, а вашата самодоверба ќе расте под поволното влијание на Венера. На спротивниот пол ќе им биде многу привлечна вашата нова самодоверба, што им отвори можност на слободните да го променат љубовниот статус. Деловниот стрес лошо ќе се одрази на вашето здравје. Може да бидете жртва на неправда или нечесни колеги, што многу ќе ве разочара. Внимавајте на исхраната, бидејќи тоа што го јадете го одредува вашето расположение.
Јарец
Би можеле да ја смените работата или да планирате да започнете приватен бизнис. Некои од вас ќе умеат да намирисаат вистински деловни можности и, доколку е потребно, ќе играат на картата ризик. Напорот вложен во љубовната врска ќе вроди со плод, па многумина од вас ќе ја подобрат врската и ќе и ја вратат романтиката. На слободните нема да им недостасуваат нови можности за љубов, а некои ќе најдат нова симпатија. Често ќе бидете напнати, иако нема да можете да ги сфатите причините. Планетарните влијанија се такви што ве прават немирни, што кај некои од вас ќе се одрази со лош и неквалитетен сон. Опуштете се со медитација и билни чаеви.
Водолија
Ќе работите на работни места кои ќе ви ја подигнат самодовербата. Соработката со странски партнери ќе придонесе за финансиски просперитет. Ова е одличен период за започнување нови проекти. Љубовниот живот ќе ви биде оптоварен со љубомора и недоверба. Вие и вашиот партнер ќе бидете на различни бранови должини, па ќе биде потешко да ги координирате вашите интереси. Ќе ви недостига тактичност и трпение, па некои лесно ќе ја прекинат врската, а потоа ќе се покаат. Здравјето ви се подобрува и самите ќе почувствувате дека имате повеќе енергија. Вашите интереси ќе се движат во насока на духовност, па би можеле да започнете со медитација, јога или нешто што го смирува духот.
Риби
Ракувањето со туѓ имот може да ви донесе профит, но не споделувајте ги вашите идеи со другите. Пазете се од ризици и незаконски дејствија поради можни загуби. Може да прекинете некои партнерства. Ќе ве нервира вмешаноста на роднините во вашата љубовна врска, но нема да имате храброст да направите нешто. Не дозволувајте вашиот љубовен живот да страда поради вашите обврски кон другите. Иако имате многу енергија и издржливост, сепак сте во период на зголемен стрес. Луѓето од вашата непосредна околина прилично ќе ве изморат, па ќе мора повнимателно да избирате со кого ќе се дружите.