JСП Скопје ги информира учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз, дека билетите ќе ги добијат во матичните училишта.
– Учениците од повисоките одделенија, во случај да има потреба од нова електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје. Неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката. Средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии, велат од јавното претпријатие.