четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почина Михаил Горбачов, човекот кој стави крај на Студената војна

Почина Михаил Горбачов, човекот кој стави крај на Студената војна

Михаил Горбачов, кој ја заврши Студената војна без крвопролевање, но не успеа да го спречи распадот на Советскиот Сојуз, почина на 92-годишна возраст, соопштија руските новински агенции, цитирајќи официјални лица од болницата.

Горбачов, последниот советски претседател, склучи договори за намалување на оружјето со Соединетите држави и партнерства со западните сили за да ја отстрани железната завеса.

Горбачов го водеше СССР од 1985 година до неговиот распад во 1991 година.

Студената војна завршила во доцните 1980-ти, кога претседателите Михаил Горбачов од СССР и Роналд Реган од САД одржале низа состаноци на кои постигнале договор за меѓусебна толеранција, намалување на воените потенцијали и прекинување на непријателствата.