Победничката од втората сезона на реалното шоу „Задруга“ денеска имала операција на градите.
Луна Џогани денеска имаше интервенција во КБЦ Драгиша Мишовиќ. Имено, таа неодамна почувствувала промена на градите и тоа е главната причина за оваа интервенција.
-Луна денеска ги оперираше градите. Таа беше првата пациентка на која и беше извршена операција. За интервенцијата биле задолжени двајца лекари. По операцијата нејзината состојба е стабилна, тврди изворот на српските медиуми.
Оваа изјава ја потврдија и нејзините блиски, кои за локалните медиуми изјавија дека победничката на „Задруга 2“ се чувствува добро, но и дека наскоро ќе се огласи и ќе каже се за постапката што ја имала.