Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на чиј дневен ред е утврдувањето предлог за избор на судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија.
Утврдување предлог – одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија, како и утврдување предлог одлука за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (НАТО), се на агендата на денешната седница.
Пратениците членови на Комисијата ќе расправаат и по предлог одлука за изменување на Одлука за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), за предлог – одлука за избор на шеф и членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици – членови на Националниот совет за евроинтеграции, како и за утврдување предлог одлука за дополнување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави;
Разгледана
Комисијата на седницата, како што е најавено, треба да се изјасни и по предлог-одлука за именување член на Државната комисија за жалби по јавни набавки, за предлог-одлука за именување членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, за именување член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, за одлука за именување член на Комисијата на Агенцијата за пошти.
Утврдување предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „11 Oктомври”.
Меѓу останатите точки на дневниот ред се и утврдување предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски”;
за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин”, за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „22 Ноември”, за именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски”;
Разгледана, за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „8 Септември”.
Членовите на Комисијата ќе расправаат и по барањe за остварување на надоместокот за закупнина на стан.