четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Даблин воведен режим за вода поради неовообичаена суша во Ирска

Во Даблин воведен режим за вода поради неовообичаена суша во Ирска

Ирските власти забранија наводнување тревници и градини во областа на Даблин поради необичната суша во земјата, која е позната по зеленилото.

Ирската метеоролошка служба соопшти дека некои делови на земјата се погодени од сушата, односно 15 дена се без врнежи. Во јуни, температурите достигнаа 32 степени Целзиусови, што е малку помалку од рекордот за Ирска.

Во Даблин во понеделникот била воведена едномесечна забрана за поливање со градинарски црева, а ирската служба за снабдување со вода соопшти дека оваа мерка може да ја воведе и во други делови на земјата. Слична забрана е воведена и во Северна Ирска.

МИА