Премиерот Димитар Ковачевски вечерва, во рамки на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград, се сретна со светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ.
На средбата присуствуваа и српскиот претседател Александар Вучиќ, како и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.
-Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, покрај љубовта кон тенисот има уште една пасија, а тоа е виното. Семејството Ѓоковиќ има своја винарија и денес со задоволство поразговаравме за македонското вино кое добро го познава. Убавото вино ги поврзува луѓето, а саемот во Белград е прекрасна можност за поврзување на земјите од регионот, напиша премиерот Ковачевски на својот фејсбук профил.