понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Њу Џерси почина двегодишно девојче во вжештена кола, заклучено било повеќе од 7 часа

Во Њу Џерси почина двегодишно девојче во вжештена кола, заклучено било повеќе од 7 часа

Двегодишно девојче било пронајдено мртво на задното седиште во автомобил во Њу Џерси. Информациите се дека било заклучено во возилото повеќе од седум часа во екстремно топол ден.

Полицијата го пронашла девојчето во вторникот околу 14 часот, таа била во автомобил паркиран пред дом во округот Френклин. Полицајците ја отвориле вратата од автомобилот и внатре пронашле дете кое не давало знаци на живот, објави NBC.