среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Гордана Нацева ќе биде амбасадор на ЕП 2022

Гордана Нацева ќе биде амбасадор на ЕП 2022

Македонија ќе биде домаќин на Европското сениорско првенство во женска конкуренција на крајот на годината заедно со Словенија и Црна Гора. Скопје покрај тоа што ќе биде домаќин на групната фаза, во нашиот главен град ќе се одржи и главната рунда, по што најдобрите се селат во Љубљана.

ЕХФ од земјите организатори побара да одберат еден амбасадор, а од Македонија тоа ќе биде Гордана Нацева.

„Пред да се заблагодарам за амбасадор на првенството. Да го изразам задоволството за динамичниот Управен одбор, драго ми е што присуствував за време на анализите на машките и женските национални тимови. Поздрав до Савевски, до Бранче и Раде, прават неверојатно нешто со репрезентациите, исто поздрав до Лазаров. Со ваква посветеност ќе остане број еден федерација во Македонија. Ова е голема привилегија, задоволство, чест и одговорност, секогаш сум сакала да ја преставам Македонија во најдобро светло, резултатски и вака како држава“, рече Нацева.