Тивка војна ги тресе Бекамови. Според пишувањата на светските медиуми тензиите меѓу Викторија Бекам и снаата Никола Пелц започнале уште на свадбата.
На снаата, наводно, не и се допаѓало тоа што на нејзината свадба со синот на Викторија, Бруклин свекрвата била во центарот на вниманието наместо младите.
Во еден момент, таа дури со солзи во очите истрчала од салата во тоалет каде сестрата и мајката се обидувале да ја смират.
Се започнало кога Викторија побарала момент за „синот и мајката“ и со Бруклин играла на песната која требала да биде изведена за него и сопругата. Оваа постапка воопшто не и се допаднала на новата снаа.
Дополнително, пејачот Марк Ентони кој е близок пријател на Бекамови, пред да запее одржал говор на кој наместо да зборува за младите, фокусот го ставил на Викторија и Дејвид.
Од тогаш, снаата наводно не може да ја поднесе свекрвата Викторија, па односите не им се во најдобар ред.