Општина Гази Баба информира дека под покровителство на градоначалникот Бобан Стефковски, а во чест на 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија општината организира голем музички настан за одбележување на празникот.
Настанот ќе се оддржи на 07.09.2022 година (среда) со почеток во 20:00 часот на плоштадот во населба Автокоманда.
На настанот ќе настапат: Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски.
Општината ги покануваат сите граѓани да присуствуваат на настанот.