Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен против Алпла беше совладан во реванш мечот со 24-27 со што ја завршуваат својата европска авантура.
Белистојаноски запиша шест гола, два помалку имаше Петар Атанасијевиќ.Битолскиот тим поведе со 3-0 на отварање на дуелот, имаше и водство од два гола (6-4, 7-5), но гостите израмнија на 7-7, а пред крајот на првото полувреме целосно ја првземаа контролата не мечот.
По 12-14 на одморот, во првите две миниту од вториот дел Алпла дојде на плус четири (12-16), на другата страна Е.Пелистер 2 дојде на минус еден (17-18), но не успеа да стори ништо повеќе.
Во 48. минута гостите ги казнија грешките на „пелистерци“ и одново беа на позитива од четири гола (17-22). Тука веќе полека стануваше јасно дека Е.Пелистер 2 нема шанси за сензација. На крајот ракометарите и покрај поразот добија аплаузи од своите фанови