сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се носи одлука за референдумско изјаснување за договорот со Бугарија – за партијата се неприфатливи бугарските позиции

Седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се носи одлука за референдумско изјаснување за договорот со Бугарија – за партијата се неприфатливи бугарските позиции

ВМРО-ДПМНЕ за денес доцна попладне закажа седница на Извршниот Комитет каде ќе се носи одлука во однос на предлогот за референдумско изјаснување во однос на пакетот услови кој стана дел од преговарачката рамка, а ги отсликува бугарските максималистички барања, дознава КУРИР.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски отвори процес на широки консултации при што беа консултирани внатрешните органи на партијата, повеќе професори и експерти по уставно право, како и широки консултации со академската јавност и коалиционите партии за што доби и поддршка за самата иницијатива. Она што за ВМРО-ДПМНЕ е пречка е членот 5 од преговарачка рамка, а кој се потпира на протоколот кој пак ги содржи сите спорни делови од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Бугарија и Македонија, а кој го склучија Заев и Борисов во 2017-та година.

-Оттука изворот и коренот на проблемите се наоѓа токму во овој договор кој поставува фундамент на бугарските позиции од кој подоцна произлегува и преговарачката рамка и членот 5. ВМРО-ДПМНЕ не ги спори и ги поддржува аспирациите за интегрирање на Македонија во ЕУ, но она што е неприфатливо се бугарските барања за промена на исоптријата, идентитетот, јазикот и културата. Токму затоа размислувањата во ВМРО-ДПМНЕ, а за кои ќе се дискутира на вечерашниот Извршен Комитет се на референдум да се побара престанок на важноста на овој договор со кој се поставија фундаментите за бугаризација и обезличување на Македонија, дознава КУРИР.

До таквиот рефререндум би се дошло преку собирање на граѓански потписи, а на иницијативата први потпишани ќе биде раководството на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ по собирањето на квалификуваните најмалку 100 потписи, ќе пристапи кон собирање на 150.000 потписи од граѓани, при што апелира власта да не го оптруира овој процес. Како гаранција дека уставните измени нема да се случат, остануваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Седницата на Извршниот комитет ќе започне во 18 часот, а околу 20 часот се очекува изјави за медиуми.

Најнови вести