недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

САД: Исклучувањето на „Северен тек“ не е поврзано со западните санкции

САД: Исклучувањето на „Северен тек“ не е поврзано со западните санкции

Русија „избра да го затвори“ гасоводот „Северен тек“ што ја снабдува Европа и „очигледно е погрешно“ да се поврзе ова затворање со западните санкции како што тоа го прави Москва, реагираше денеска американскиот Претставнички дом.

„САД и Европа работат заедно за да обезбедат доволно резерви“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, ветувајќи дека „европските резерви на гас за првпат ќе бидат полни до зима“. (МИА)