петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стефковски се потпиша на иницијативата: Повикувам да се одржи референдум и народот да го каже своето!

Стефковски се потпиша на иницијативата: Повикувам да се одржи референдум и народот да го каже своето!

Во просториите на Државната изборна комисија во Гази Баба ги поднесов образците за покренување на граѓанска иницијатива за распишување на задолжителен референдум за престанок на важењето на договорот за пријателство со Бугарија, посочи Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалник на Гази Баба.

„По поднесувањето заедно со пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски се потпишавме на граѓанската иницијатива и дадовме поддршка за распишување на референдум.

Највисокиот чин во демократијата е можноста граѓаните непосредно на гласање да го кажат своето мислење. Затоа повикувам да се одржи референдум и народот да го каже своето.

Стоп за бугаризација и асимилација на Македонија“ – истакна тој.

Најнови вести