понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Фленсбург се засили со холандски репрезентативец

Фленсбург се засили со холандски репрезентативец

Репрезентативецот на Холандија, десниот бек Кај Смитс ќе ги напушти редовите на германскиот шампион Магдебург и ќе се пресели во екипата на Фленсбург.

Раководството на поранешниот европски шампион преку социјалните мрежи ја потврди соработката со ракометарот од Холандија. Десниот бек со Фленсбург потпиша договор на две сезони, со можност за продолжување на истиот доколку двете страни бидат задоволни од соработката.

Интерес за Смитс имаше и од други бундеслигаши, но екипата на Фленсбург успеа да го донесе во својот тим. Смитс во својата кариера освен за Магдебург настапуваше и за екипите на Холстебро од Данска, како и за матичниот клуб од Холандија, Лимбург.