Несудената генерална конзулка во Њујорк, Бесмира Ејупи, минатите месеци се вработила во Министерството за политички систем, по што била преземена од Министерството за надворешни работи.
Како што наведува министерот Бујар Османи, таа работи на најниска позиција како соработник за протокол.
За шефот на дипломатијата, Бујар Османи, нема ништо спорно во вработувањето на Ејупи, кој притоа ги повика и новинарите доколку и тие сакаат да градат дипломатска кариера да конкурираат на огласите за вработување во МНР, пренесува “Телма”.
Османи додаде и дека додека е тој министер, Бесмира Ејупи нема да биде конзул.