сабота, 9. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТАА ОСОБЕНО Е ВО НЕВЕРУВАЊЕ И ШОК – последната личност која се сретна со кралицата пред само два дена, светот допрва ќе чуе за неа!

ТАА ОСОБЕНО Е ВО НЕВЕРУВАЊЕ И ШОК – последната личност која се сретна со кралицата пред само два дена, светот допрва ќе чуе за неа!

Британската премиерка Лиз Трус даде изјава за смртта на кралицата Елизабета Втора, опишувајќи ја како „огромен шок за нацијата и светот“.

„Сите сме скршени од болка“, изјави таа пред насобраните пред Даунинг стрит.

Таа ја опиша кралицата како „карпата врз која е изградена модерната Британија“ и „самиот дух на Велика Британија“.

Таа се потсети дека пред само два дена била во Балморал за да се сретне со кралицата за да положи заклетва како премиер и вели дека монархот била „лична инспирација“ за неа.

Британската премиерка рече дека посветеноста на кралицата на должноста била „пример за сите нас“ и дека денес е „ден на голема загуба“.

Таа, исто така, му оддаде почит на кралот Чарлс, велејќи дека земјата сега мора да се обедини за да го поддржи и да му ја понуди нашата „лојалност и посветеност“.

Својата изјава таа ја заврши со зборовите: „Боже чувај го кралот“.