Битолската полиција во рамки на засилената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, вчера санкционираше 64 возачи на подрачјето на СВР Битола.
Од нив, како што информираат од МВР, 42 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 22 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта. (МИА)