Денеска ќе се одигра натпреварот помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во рамките на ракометниот Супер Куп.
Тој ќе се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид од 20:00 часот, а најавени се двете навивачки групи од Скопје и Битола.
Покрај тоа се играат уште средби во Супер лигата и во Женската лига, додека на меѓународна сцена актуелните се натпреварите од женската Лига на шампиони и од машкиот Европски Куп.