Макс Верстапен ја расипа забавата на Ферари во Монца и со старт од седмото место стигна до победа, Шарл Леклер мораше да се задоволи со второто место.
Шарл Леклер, кој стартуваше од пол, не можеше да го следи темпото на својот ривал, па ја изгуби позицијата преку боксовите.
Во финишот излезе и безбедносното возило, „тифозите“ се понадеваа дека во завршницата Шарл Леклер ќе може да стори нешто, но болидот на Даниел Рикиардо не беше тргнат на време за да се означи ре-старт на трката, па безбедносното возоли остана на патеката до крајот на разочарување на публиката.
Последното место на пиедесталот му припадна на Џорџ Расел а во бодови уште завршија Карлос Саинц, Луис Хамилтон, Серхио Перез, Ландо Норис, Пјер Гасли, Ник де Врис и Жу Гуанју.