вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Зголемени цените на производителите на индустриски производи

Зголемени цените на производителите на индустриски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, се повисоки за 0.4% на месечно ниво, а за 18.0 % на годишно ниво.

Во јули 2022, во споредба со јуни 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3.5 %, во секторот Преработувачка индустрија за 1.0% , а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 27.1%.

Во јули 2022, во споредба со јули 2021, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 16.7 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 49.0 %. (МИА)