Кралицата сртого се држела до сите протоколи – но тогаш направила нешто неочекувано.
Во 1997 година, на погребот на принцезата Дијана, кралицата Елизабета го прекршила кралскиот протокол – кога ковчегот поминувал покрај неа, таа ја наведнала главата.
Тоа беше прв и единствен пат кралицата јавно да се поклони на друга личност, пишуваат медиумите и додаваат дека со овој чин и оддала почит не само на Дијана, туку и на својот народ.
Кралицата Елизабета излезе од вратите на палатата, чекаше и гледаше како ковчегот на Дијана обвиен со знаме го носат во Вестминстерската опатија.
Коментатор на БиБиСи истакна дека овој потег е „уште едно отстапување од кој било познат протокол“.
Кралицата Елизабета почина на 8 септември 2022 година во замокот Балморал.