недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Славе Николов ја раскина соработката со РФМ поради зголемен ангажман како судија

Славе Николов ја раскина соработката со РФМ поради зголемен ангажман како судија

Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека ја раскина соработката со Славе Николов.

Поради зголемен ангажман како ракометен судија на национално и меѓународно ниво спогодбено Николов ја раскина соработката со РФМ во делот на спроведување на програмските активности.

Федерацијата упатува благодарност за досегашната соработка и му посакува многу успех во понатамошната кариера.

Согласно член 35 од Статутот на РФМ, односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации во текот на денешниот ден е именуван Благојче Тодоровски на местото на Николов за член на натпреварувачка комисија во рамки на органите и телата на РФМ, ракометен меѓународен судија со долгогодишно искуство на национално и меѓународно ниво.