вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од почетокот на годинава 11.000 Рохинџи протерани од Мјанмар

Од почетокот на годинава 11.000 Рохинџи протерани од Мјанмар

Обединетите нации проценуваат дека во текот на годинава најмалку 11.000 Рохинџи биле протерани од Мјанмар во Бангладеш.

Според високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Раад ал Хусеин, мјанмарската армија продолжува со убиства на припадници на муслиманското малцинство и ги уништува нивните домови.

Се проценува дека во бегалските кампови во Бангладеш има над 700.000 Рохинџи, повеќето од нив протерани во втората половина на минатата година, кога по напад на герилска група врз мјанмарската армија отпочна кампања за протерување на Рохинџите.

– Ниту еден бегалец не се вратил од Бангладеш во Мјанмар по стапувањето во сила на договорот, изјави Ал Хусеин.

Мјанмар и Бангладеш постигнаа договор со кој бегалците Рохинџи требаше да се вратат во своите домови доколку докажат дека навистина потекнуваат од Мјанмар.

МИА