петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трагедија во Индија: Преполн училишен минибус падна од карпа – најмалку 11 луѓе загинаа, сите останати се во критична состојба (ФОТО)

Трагедија во Индија: Преполн училишен минибус падна од карпа – најмалку 11 луѓе загинаа, сите останати се во критична состојба (ФОТО)
ФОТО: AP

Единаесет лица загинаа, а 29 се повредени, откако преполн училишен минибус падна од карпа во северниот дел на Индија. За време на несреќата во минибусот се возеле речиси 40 луѓе.

Девет лица загинале на лице место, а две им подлегнале на повредите подоцна во болница.

Официјални лица информираа дека 29 луѓе се во критична состојба, вклучувајќи шестмина кои со хеликоптер се префрлени во болница во Џаму.

Заменик гувернерот Маној Синха на Твитер напиша дека семејствата на жртвите ќе добијат отштета од 500.000 рупии (6.300 евра). (МИА)