недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Британија ја покани Северна Кореја да испрати претставник на погребот на кралицата, еве кои држави не се поканети!

Британија ја покани Северна Кореја да испрати претставник на погребот на кралицата, еве кои држави не се поканети!

Велика Британија покани претставник на Северна Кореја да присуствува на погребот на кралицата Елизабета во понеделник, а Авганистан, Сирија и Венецуела не се поканети, изјави денеска извор од Министерството за надворешни работи.

Поканата се однесува на амбасадорско ниво.

Погребот на кралицата ќе се одржи во понеделник во Лондон, а на него ќе присуствуваат бројни светски лидери, членови на кралското семејство и други високи гости.

Сирија и Венецуела не беа поканети бидејќи Велика Британија во моментов нема дипломатски односи со нив, а Авганистан поради актуелната политичка ситуација, вели изворот.

Така тие три земји се приклучуваат на Русија, Мјанмар и Белорусија, кои исто така не беа поканети.  (МИА)