четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Калин Ивановски со втора по ред победа до четвртфинале на фјучерсот во Мадрид

Калин Ивановски со втора по ред победа до четвртфинале на фјучерсот во Мадрид

Најдобриот македонски тенисер  Калин Ивановски, се пласира во четврт-финалето од фјучерс-турнирот во Мадрид, откако дојде до втора по ред победа, овој пат над домашниот претставник Џон Ечеварија (7-6, 7-5), кој е подобро пласиран на АТП-листата.

Мечот беше напорен и возбудлив, со оглед што секој од сетови траеше повеќе од еден час. Ивановски првиот го доби во тај-брејк и тоа со 11-9, додека втроиот со 7-5 во гемови.

Негов следен противник е првиот носител на турнирот, Американецот Николас Морено дел Алборан, кој е 306-ти тенисер на светот.