сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

КСОМ утре ќе ѝ се обратат на Данела Арсовска: Во тешка криза отпуштате вработени!

КСОМ утре ќе ѝ се обратат на Данела Арсовска: Во тешка криза отпуштате вработени!

Конфедерација на синдикални организации на Македонија – КСОМ утре ќе одржи прес-конференција посветена на самоволието на градоначалничката на Град Скопје.

„Претседателот на Конфедерација на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески на 16.09.2022 во 11:30 часот, ќе одржи прес-конференција пред просториите на градоначалничката на град Скопје – Данела Арсовска.

Причина за одржување на пресконференцијата е фактот што не престанува праксата на отпуштање на вработени кои работат со до договор на тело  односно работници на кои не им е регулиран трајно работниот однос, како на државно така и на локално ниво, а поттикнати од најавата за отпуштање на 100 вработени во ЈКП Водовод – Скопје за време на тешка социјална и економска криза во Македонија“ – истакнуваат од КСОМ.