недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уредникот на Спутник Летонија приведен и сослушуван 12 часа

Уредникот на Спутник Летонија приведен и сослушуван 12 часа

Уредникот на сајтот Спутник Летонија, Валентинс Роженцовс соопшти дека полицијата го привела во Рига по доаѓањето од Москва, пуштен е од притвор по 12 часа.

-Вчера во 22:40 во Рига по доаѓањето од Москва бев приведен на разговор, како што го нарекоа. Не е направен записник, изјави Роженцовс, пренесува Спутник.

-Безбедносната полиција ја интересираше мојата работа на местото главен уредник на Спутник Летонија и работата на самиот портал. Цела ноќ бев во канцелариите на полициите. Пуштен бев изутрината, по нешто помалку од 12 часа. Ова во Летонија се смета за формално приведување, рече Роженцовс, кој е државјанин на Летонја.

Тој во Рига се вратил поради работни обврски.