петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Бадникова поворка во Кавадарци

Бадникова поворка во Кавадарци

Бадникова поворка со околу 150 дечиња кои ја пееја старата коледарска византиска песна „Вечниот бог”, помина денеска низ улиците во Кавадарци.

Тргнувајќи од црквата „Света Петка”, тие го најавија големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик. Носеа макета на пештерата која симболично го претставува раѓањето на Исус Христос.

Пред општинската зграда, децата беа пречекани од градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев. Тој ги даруваше коледарите со пакетчиња и им посака добро здравје. Јанчев изрази надеж дека оваа манифестација, за прв пат организирана од црквата во чест на Бадник и Божиќ, ќе стане традиција.

Децата кои беа дел од поворката, претходно одржаа неколку проби со наставничката по веронаука Весна Ѓорѓиева.