вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Митров остана без медал на Светското првенство во борење во Белград, разочарувачки настап на Егоров

Митров остана без медал на Светското првенство во борење во Белград, разочарувачки настап на Егоров

Македонскиот борач Дејан Митров остана без медал на Светското првенство кое денеска стартуваше во Белград, Србија.

Митров во категоријата до 79 килограми дојде до позиција да се бори за медал, но не успеа да го мине репасажот губејќи од Сапармирадов од Туркменистан.

Претходно славеше против Унгарецот Вида со 3-2, а загуби од Буроу од САД со 12-1 во осминафиналето.

Дејан Митров во категоријата до 57 килограми почна со победа во квалификациите, но во 1. коло загуби од Порториканецот Круз со 3-0. Фати Весели загуби во квалификациите во категоријата до 70 килограми од Рамазанов од Бугарија со 7-4.