Двајца тинејџери се пронајдени мртви во северозападниот дел на Сиднеј.
Како што пренесува Гардијан, полицијата потврдила дека во куќата се пронајдени тела на момче и девојче со рани од куршуми.
Полицијата се сомнева дека тие биле застрелани од некој од членовите на семејството.
Локалните власти соопштија дека во тек е потрага по 50-годишен маж, а портпаролот на полицијата изјави дека сликата која што ја начекале била страшна, како од хорор филм.