среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОЧИТЕ НА СВЕТОТ ВПЕРЕНИ ВО ЗАМЕНАТА НА ЗЕЛЕНСКИ – еве кого претседателот прати на погребот на кралицата, бледа и со мрачно лице плачеше цело време

ОЧИТЕ НА СВЕТОТ ВПЕРЕНИ ВО ЗАМЕНАТА НА ЗЕЛЕНСКИ – еве кого претседателот прати на погребот на кралицата, бледа и со мрачно лице плачеше цело време

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон се сретна во Бакингемската палата со сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска, во пресрет на денешниот погреб на кралицата.

Олена Зеленска на погребот ќе го застапува и нејзиниот сопруг, кој не можеше да дојде во Лондон за да присуствува на церемонијата.

Првата дама на Украина Олена Зеленска се сретна во Бакингемската палата со Кејт Мидлтон, додека претходно беше забележана како влегува во Вестминстерската сала, каде што моментално се наоѓа ковчегот со покојниот монарх кралицата Елизабета Втора. Тоа било само неколку минути пред да дојде и американскиот претседател Џо Бајден да ѝ оддаде почит на кралицата.

Олена е фотографирана со другите членови на украинската делегација, облечена во црно и со златен брош на градите. Изразот на нејзиното лице беше мрачен, а Олена ја наведна главата во знак на почит кон кралицата.

Госпоѓа Зеленска останала неколку минути во салата додека поминувале граѓани и ѝ оддавале почит на Елизабета Втора, пишува „Дејли мејл“.