Германската канцеларка Ангела Меркел и унгарскиот премиер Виктор Орбан истакнаа меѓусебни разлики по прашањето за миграција, но се подготвени да продожат да разговараат.
Меркел на заедничката пресконференција во Берлин рече дека сака да ја заштити европската хуманост кога станува збор за постапување кон мигрантите и додаде дека тоа веројатно е она што не раздвојува.
Орбан одговори дека ставот на Унгарија не се променил откако ги затвори своите граници за време на приливот на мигранти во 2015. Тој посочи дека неговата влада смета оти поставувањето на 8.000 граничари долж границата е прилично добра солидарност на Унгарија со другите членки на Европската унија.
Меркел рече дека заштитата на надворешните граници на ЕУ е важна и оправдана, но оти членките на Унијата треба да прифатат мигранти, што беше одбиено од Унгарија.